Достапни линкови

Обама ќе го наименувал републиканецот Хегел за секретар за одбрана


Чак Хегел

Чак Хегел

Американскиот претседател Барак Обама ќе го наименувал поранешниот републикански сенатор Чак Хегел за секретар за одбрана, јавуваат американски медиуми цитирајќи извори во администрацијата, кои ова очекуваат да биде објавено денеска.
Од друга страна, во распоредот на Обама за денеска нема најавено јавни прогласувања. Актуелниот секретар Леон Панета најави дека ке ја напушти функјцијата кога Обама ќе го започне својот втор мандат на 20 јануари.
Хегел има 66 години и е воен ветеран од Виетнам.
Тој е познат по својот критицизам кон Израел и се залага за дијалог со Иран. Водечките републикански конгресмени изразија незадоволство од изборот на Обама сигнализирајки тешка дебата во Сенатот каде државните секретари мора да добијат одобрување за своите функции.
XS
SM
MD
LG