Достапни линкови

logo-print

Карзаи во официјална посета на Вашингтон


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ќе престојува во тридневна официјална посета на Вашингтон. Планирано е тој да се состане со американскиот претседател Барак Обама и со други високи функционери. Се очекува разговорите да се фокусираат на безбедноста, економските и политички процеси, како и за доопремувањето и зајакнувањето на авганистанските безбедносни сили, на мировниот процес и за билатералниот безбедносен договор меѓу Авганистан и САД. Меѓународните сили треба да го напуштат Авганистан до крајот на 2014 година. Останува клучната одлука колку војници да останат по тој период, кои треба да помогнат во обука и во обезбедување и поддршка на безбедноста.
XS
SM
MD
LG