Достапни линкови

Ослободени киргистански заложници од узбекистанска енклава


Регионот Сох.

Регионот Сох.

Ослободени се четиринаесет жени и деца кои како заложници беа држени од страна на жителите на узбекистанската енклава Сох во Киргистан. Тамошните власти соопштија дека преговорите за ослободување на овие заложници успеале, но дека во Сох се уште има околу 20 киригистански државјани. Жителите на Сох нападнаа припадници на киргистанската гранична полиција во саботата. Следниот дел жителите на местото зедоа како заложници 40 Киргистанци од селото Чарбак и од возилата со киргистански регистарски таблички кои поминувале низ Сох. Во вчерашните судири е повреден еден полицаец.
XS
SM
MD
LG