Достапни линкови

Клинтон се враќа на работа


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон излегува од болница во Њујорк.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон излегува од болница во Њујорк.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон се очекува денеска да се врати на работа, соопштува Стејт департментот. Клинтон поради здравствени проблеми не беше на работа еден месец. Државниот секретар најпрвин имаше стомачни проблеми, потоа потрес на мозокот, а минатата недела медицинските тестови покажале дека има згрутчување на крвта во главата поради што мораше да се лекува во болница во Њујорк. Сега лекарите велат дека Клинтон е способна да се врати на работа, но се препорачува да не патува во странство неколку недели.
Се очекува Клинтон да биде во можност да сведочи пред Конгресот за нападот од 11 септември врз американската дипломатска канцеларија во Бенгази, Либија, во кој загина амбасадорот на САД и уште тројца други Американци.
XS
SM
MD
LG