Достапни линкови

Американските власти го одбиваат предлогот на Асад


Сирискиот претседател Башар ал Асад држи говор на 6 јануари 2013.

Сирискиот претседател Башар ал Асад држи говор на 6 јануари 2013.

Американските власти не го прифаќаат новиот предлог на сирискиот претседател Башар ал Асад за почеток на мировни преговори, според кој треба да му се овозможи да остане на власт, соопшти портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд. Таа изјави дека предлогот на Асад е „надвор од реалноста“ и дека тоа само ќе му овозможи на режимот на Асад да врши репресија врз сирискиот народ.

Асад вчера во својот прв говор после седум месеци предложи нацрт мировна иницијатива според која треба да се одржи национална конференција за помирување и да се состави нов устав и нова влада. Но тој побара од западните и од соседните земји да престанат да ги финансираат и вооружуваат бунтовниците.

Асад ги игнорира барањата на западните сили да се повлече од функцијата, велејќи дека е подготвен за дијалог со „оние кои не ја предале Сирија“.

Нуланд изјави дека Асад нема повеќе легитимитет и дека треба да се повлече за да овозможи политичко решение на судирите и демократска транзиција.
XS
SM
MD
LG