Достапни линкови

logo-print

Катимерини - Нимиц носи нов предлог за името


Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц

Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц

Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц ќе достави комплетно нов и конкретен предлог за името при посетата на регионот, пишува грчкиот весник Катимерини. Повикувајќи се на свои извори од седиштето на ОН, весникот пишува дека по последната средба на медијаторот со преговарачите, двете инволвирани страни сериозно му пристапиле на прашањето, а доказ за тоа бил фактот дека медиумите не објавиле кои биле идеите кои Нимиц им ги претставил на преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски на средбата во Њујорк.

Катимерини пишува дека Атина јасно ја нагласува потребата за сложено име со географска одредница и во овие рамки, според весникот се движел и последниот официјален предлог на Нимиц – „Република Северна Македонија“, а понатаму и размислувањето за „Република Вардарска“.

Нимиц во посета на регионот ќе биде од утре до 11 јануари и ќе има средби со властите во Скопје и Атина. Дел од медиумите објавија дека прво ќе ја посети Грција, а во Македонија ќе дојде на 10 јануари.
XS
SM
MD
LG