Достапни линкови

Турција сака да биде меѓу десетте сателитски оператори во светот


Турција до 2017 година планира да стане еден од десетте водечки светски сателитски оператори, што беше визија и на поранешниот претседател Тургут Озал, изјави генералниот директор на Турската национална компанија за сателитска технологија, Озкан Далбај, јави Анадолија.

Далбај напомена дека Турција во рамки на Планот за стратешки развој од 2009 година, кон крајот на 2014 ќе лансира сателит ТУРКСАТ 4А.

„Ние сме на 16 место на листата земји според развојот на сателитската комуникација. Со сателитите ТУРКСАТ 4А и 4Б, ќе го унапредиме своето место за две или три позиции“, додаде Далбај.
XS
SM
MD
LG