Достапни линкови

Депардје се сели во Мордовија


Францускиот актер Жерар Депардје, облечен во мордовска носија, го покажува неговиот руски пасош во Саранск.

Францускиот актер Жерар Депардје, облечен во мордовска носија, го покажува неговиот руски пасош во Саранск.

Францускиот актер Жерар Депардје, кој доби руско државјанство лично од претседателот Владимир Путин, наводно размислува да се пресели во руската република Мордовија. Тој денеска отпатувал во главниот град на Мордовија Саранск, каде што добил клучеви од нов стан и дозвола за престој. Депардје, кој бараше второ државјанство за да го избегне плаќањето на високите француски даноци, рече дека мордовските жени се многу убави и оти отсекогаш сакал да го игра Јемељан Пугачов, козачки водач на буна во 18 век, чиј споменик стои во Саранск.
XS
SM
MD
LG