Достапни линкови

logo-print

Асад со нова иницијатива за мир во Сирија


Сиријскиот претседател Башар ал-Асад.

Сиријскиот претседател Башар ал-Асад.

Сиријскиот претседател Башар ал-Асад предложи конференција за национално помирување и нов устав, како дел од новата иницијатива за враќање на мирот во земјата. Во своето телевизиско обраќање до јавноста, прво од ноември минатата година, тој сепак рече дека нема да преговара со, како што рече, опозициските кукли и рече дека иницијативата може да даде резултат само ако западот и земјите од регионот престанат да ги финансираат „убиствените криминалци“.

Многу е веројатно дека опозициските сили ќе го отфрлат предлогот на Асад. Тие бараат негово повлекување од власт.

ОН проценуваат дека досега во 21-месечниот конфликт во Сирија загинале над 60 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG