Достапни линкови

logo-print

Чавез е болен, ама не се откажува од функцијата


Архивска фотографија: Претседателот на Венецуела Уго Чавез.

Архивска фотографија: Претседателот на Венецуела Уго Чавез.

Претседателот на Венецуела Уго Чавез останува на лекување во Куба на само четири дена пред положувањето свечена заклетва на почетокот на неговиот трет претседателски мандат. Се соопштува дека Чавез има тешки пулмонални и респираторни проблеми по операцијата од рак минатиот месец во Хавана. Венецуелската опозиција го повика Чавез да земе отсуство ако здравствената состојба го спречи да положи заклетва за новиот мандат на 10 јануари. Владејачката партија на Чавез, Обединетите социјалисти, реагира дека положувањето заклетва е само формалност и оти може да биде положена кога било. Чавез одби да се откаже од функцијата. Неговиот заменик Николас Мадуро ја води државата во негово отсуство, но нема целосни претседателски овластувања.
XS
SM
MD
LG