Достапни линкови

Нов напад со американски беспилотни летала во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Во напад со американски беспилотни летала во областа Северен Вазиристан се убиени најмалку девет милитанти, соопштија пакистанските власти. Нападот се случил рано изутрината. Биле истрелани 12 ракети кон скривалиште на милитантите во селото Бабар Гар. Идентитетот на убиените сè уште не е познат, но нападнатото село се смета за силно упориште на пакистанските талибанци. Ова е трет напад со американски беспилотни летала на пакистанска територија во последните пет дена. Исламабад се противи на ваквите напади и реагира дека се виновни за смртта на стотици цивили. Пакистан најави дека на 15 јануари ќе отвори дебата за ефективноста на меѓународните антитерористички политики во Советот за безбедност на ОН.
XS
SM
MD
LG