Достапни линкови

Престрелки меѓу Индија и Пакистан во Кашмир


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Пакистанската војска соопшти дека еден нивен војник е убиен, а еден е ранет, кога индиската армија нападнала пакистански воен пункт на фактичката линија на разграничување меѓу двете земји во областа Кашмир. Според соопштението од пакистанската војска, индиските војници влегле на пакистанска територија, но оти Пакистан „ефективно одговорил на нападот“. Индиската армија, пак, ги обвини пакистансаките сили за предизвикување „непровоцирано пукање“. Според Индија, пакистанските војници пукале со минофрлачи и со автоматско оружје кон индиска територија и уништиле една цивилна куќа.
XS
SM
MD
LG