Достапни линкови

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник. Во пресрет на Бадник, синоќа во скопските маала и во другите населени места во Македонија се одржаa народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово го најавија децата коледарчиња.
Според традиционалните обичаи, вечерва се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година.
XS
SM
MD
LG