Достапни линкови

Индија - Има докази против обвинетите за силување на студентката


Индијци палат свеќа за починатата студентка.

Индијци палат свеќа за починатата студентка.

Има доволно форензички докази против петте лица обвинети за силување на студентка во Њу Делхи, соопшти индискиот јавен обвинител. Случајот предизвика голем јавен бес. Дваесетитри годишната студентка почина од повредите две недели откако беше нападната на 16 декември во Њу Делхи. Петтемина обвинети за силување и убиство може да се соочат со смртна казна. Тие треба да бидат сослушани во суд во понеделник. Шестиот обвинетиот кој има помалку од 18 години ќе биде изведен пред суд за малолетници. За време на нападот на девојката, беше повреден и нејзиниот придружник. Тој вчера во интервју изјави дека минувачите не запреле да им помогнат, а полицијата не се брзала да ја однесе во болница повредената девојка.
XS
SM
MD
LG