Достапни линкови

Повеќе пари за студирање на децата без родители


Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски рече дека ќе се покачи висината на надоместокот за студирање на децата без родители. Според новиот закон за социјална заштита кој е во владина процедура по скратена постапка, оние кои користат социјален стан под закуп наместо 9.000 ќе добиваат 12.000 денари, а ако не користат социјален стан под закуп ќе добиваат 24 илјади денари месечно.
Министерот информира дека пред да биде воведено правото, годишно во просек, на факултет се запишувале две до три деца без родители и родителска грижа, а откако е воведен надоместокот студираат 67 лица.
XS
SM
MD
LG