Достапни линкови

Вицепремиерката Арифи, кандидат за градоначалник на Тетово


Демократска унија за интеграција, коалициониот партнер во владата, на синоќешниот состанок на Централното претседателство на партијата ги утврди кандидатите за локалните избори кои ќе се одржат во март годинава.

Вицепремиерката задолжена за европски прашања, Теута Арифи, ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово на претстојните избори, објавува порталот на албански јазик „Порталб“.

За градоначалник на Гостивар ќе се трка Невзат Бејта, а кандидат на ДУИ во Дебар ќе биде Ружди Љата. За Струга кандидат ќе биде актуелниот пратеник Арбен Љабеништа, а за Чаир повторно е кандидиран актуелниот градоначалник Изет Меџити. За Кичево е кандидиран Фатмир Дехари, за Липково Садула Дураку, во Сарај Беким Мурати, во Боговиње Хазби Идризи, а адут за Желино е Фатмир Изаири.
XS
SM
MD
LG