Достапни линкови

Американски војници во Турција за одбрана од заканите од Сирија


Граница меѓу Сирија и Турција.

Граница меѓу Сирија и Турција.

Американски војници се распоредени во Турција да управуваат со Патриот проектили за одбрана од заканите од соседна Сирија.

Турција неколкупати беше погодена од прекуграничен оган од Сирија, а Патриот проектилите се способни за соборување авиони и ракети. Распоредувањето на проектилите доаѓа поради продолжувањето на војната во Сирија.

Сириските владини воздушните и копнените сили вчера ги напаѓаа бунтовниците во Дамаск, еден ден откако при експлозија во главниот град загинаа 11 луѓе.

Европската команда на американската армија изјави дека околу 400 американски војници ќе бидат распоредени во Турција да управуваат со Патриот проектилите обезбедени од страна на Вашингтон. Германија и Холандија исто така треба да обезбедат и да работат со четири други Патриот батерии, според договорот со НАТО сојузникот Турција.
XS
SM
MD
LG