Достапни линкови

Временска прогноза - облачно со услови за дожд и снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени и слаби врнежи од дожд, на планините од снег, а кон крајот на денот односно во ноќните часови на некои повисоки па и на пониски места се можни слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Утринската температура се движи од минус четири до два, а дневната од три до 10 степени.

Во Скопје утринската температура се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до пет степени.

И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Повремено ветерот ќе се засилува од северен правец, особено во недела и понеделник ќе биде посилен. В понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд и снег на повисоките места и планините, меѓутоа ќе бидат слаби.
XS
SM
MD
LG