Достапни линкови

logo-print

Тешка и неизвесна година пред нас


Kаква година ја очекува Македонија на политички план? Експерите велат дека 2013 ќе биде тешка и неизвесна, поради политичката криза, која очекуваат партиите да ја решат. Нема оптимизам и за евроатланските интеграции на Македонија и некакво придвижување во спорот со името по посетата на медијаторот на ОН Метју Нимиц.

Со инцидент во Собранието, политички препукувања и со народот застанат еден наспроти друг заврши изминатата 2012 година. И покрај се, буџетот беше донесен без присуство на пратениците од опозицијата, кои беа исфрлени од законодавниот дом. Ситуацијата резултираше со одлуката на опозицијата да ја напушти работата во Собранието при што повика на граѓанска непослушност. Битката со власта, како што рекоа од СДСМ, ќе ја водат на улиците со народот, а протестите и блокадите на улиците ќе продолжат и оваа година. Кризата на политички план продолжува, а 2013 година, според експертите, ќе биде тешка и неизвесна. Предизвик и тест за демократијата ќе бидат локалните избори во март.

Премиерот Никола Груевски во неговото новогодишно обраќање ја повика опозицијата да се врати во парламентот и да земе учество на локалните избори. Но, СДСМ ја одби понудата со образложение дека тоа ќе остане само пуста „новогодишна желба“ на премиерот.
„Тоа воопшто не е ситуација која се карактеризира со надеж, туку со страв и очекување на граѓаните како сето тоа ќе се изведе. Како и секоја година, почеток на нова година и можност за нешто многу да се направи, но за да се направи многу, треба многу работи да се сменат во Македонија. Она што во последно време се случува се промени на полошо.

Кризата на политички план продолжува

Професор Здравко Савески вели дека очекувањата од новата година не се премногу светли, поради настаните кои ја одбележаа минатата година, особено на крајот кога кулминираше политичката криза во земјата.

„Тоа воопшто не е ситуација која се карактеризира со надеж, туку со страв и очекување на граѓаните како сето тоа ќе се изведе. Како и секоја година, почеток на нова година и можност за нешто многу да се направи, но за да се направи многу, треба многу работи да се сменат во Македонија. Она што во последно време се случува се промени на полошо.“

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека во овој момент, како што стојат работите, тешко е да се зборува за излез од криза, а нејзините производители, според него, ВМРО-ДПМНЕ со асистенција на СДСМ го избраа најгрдиот и најтешкиот пат за да се пресметуваат меѓусебе за власт.
Затоа што за излез од криза треба малку политички разум и ум, политичка зрелост и одговорност пред граѓаните. Овојпат таа одговорност недостига, како од страна на власта, така и од опозицијата. Можеби некој треба да посредува за да се воспостави некаков дијалог.

„Затоа што за излез од криза треба малку политички разум и ум, политичка зрелост и одговорност пред граѓаните. Овојпат таа одговорност недостига, како од страна на власта, така и од опозицијата. Можеби некој треба да посредува за да се воспостави некаков дијалог.“

Политичкиот аналитичар Насер Зибери смета дека атмосферата е превжештена и не верува дека кај опозицијата има спремност за дијалог.

„Сметам дека опозицијата во моментот не размислува во таа насока, туку напротив нејзините планови се како да ја анимира јавноста и граѓанството, преку изразување револт вонинституционално.“

Кој ќе ја врати демократијата во земјата?

Според Савески одговорноста е токму кај политичките партии, особено оние од власта за враќање на демократијата во земјата, а за тоа е потребна политичка волја.

„Последните настани продуцираа настани кои ќе водат кон влошување на ситуацијата ако се остават сами на себе и ако политичките фактори, пред се власта, не преземат чекори за исправување на ситуацијата. Така што, за очекување е влошување на ситуацијата, но секогаш кога се зборува за иднина, иднината е неопределена и зависи од политичките фактори.“
Демири додава дека во Македонија најтешко е да се предвиди што наредно ќе се случи. Одговорноста за евентуалните негативни последици од политичката криза според него не е само на владејачките партии, туку и на опозиционите.

„Се работи за концепт на луѓе кои во суштина неполитички делуваат, тие се однесуваат кон државата, кон граѓаните како своја своина и ги насочуваат онаму кадешто имаат свои потреби.“

За дијалог се потребни двајца
За дијалог се потребни двајца и сега ако едниот создава криза и го избегнува дијалогот, што беше очигледно во овој случај, тогаш што би можел да направи другиот? Значи прво опозицијата е таа која на некој начин треба да сфати дека треба да се однесува како институционална опозиција, а не да се однесува како некој кој по секоја цена мора да дојде на власт.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека опозицијата ја предизвикала кризата со амандманите кои ги поднела за буџетот и со блокадата на Собранието.

„За дијалог се потребни двајца и сега ако едниот создава криза и го избегнува дијалогот, што беше очигледно во овој случај, тогаш што би можел да направи другиот? Значи прво опозицијата е таа која на некој начин треба да сфати дека треба да се однесува како институционална опозиција, а не да се однесува како некој кој по секоја цена мора да дојде на власт за да биде, нели, се во ред во Македонија - или ќе бидеме на власт, или ќе правиме проблеми.“
Средба на претседателот Ѓорге Иванов со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел.

Средба на претседателот Ѓорге Иванов со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел.


Според него, два настани ќе ја одбележат оваа година - локалните избори и дали Македонија ќе добие датум за преговори за влез во ЕУ, при што се наметна и проблемот со политичката криза.

Длабоко сум убеден дека Парламентот има две можности како да продолжи, или да продолжи без опозиција, опозицијата која од улица ќе се обиде да ја придобие јавноста и да се обиде да го блокира нормалното функционирање на државата или да се распишат избори.
„Не е во ред за ниту една држава доколку опозицијата на година дена создава политичка криза преку која сака да изнуди нови избори, на крај поентата излегува - ќе изнудуваме, ќе правиме сè за да добиеме нови избори сè додека не победиме и ние значи како Македонија треба да бидеме во заложништво и секоја година да имаме избори. Не ја разбирам поентата зошто би имало повторно избори кога пред година и половина имаме избори. Сега ќе имаме избори, точно, но локални.“

Демири смета дека моменталната ситуација може негативно да влијае врз одржувањето на локалните избори, но ништо чудно да имаме и парламентарни избори.

„Денеска во прашање се доведени и локалните избори. Не се знае дали ќе се одржат, денеска сме најблиску до тоа оваа година да имаме и вонредни парламентарни избори, но и тоа е тешко да се предвиди. Сите овие работи имам впечаток дека водат кон една тотална конфузија, пред се меѓуетничка, а потоа и внатре во корпусите и кај македонскиот и кај албанскиот дел.“

Зибери вели дека тешко може да се очекува дека ќе има само локални избори, туку е убеден дека политичката криза ќе биде продлабочена и ќе кулминира со распишувањето на парламентарни избори.

Мислам дека Нимиц што и да донесе во дисаѓите што ги носи ќе биде многу, многу тешко прифатливо за Македонија. Веќе излегоа некои рамки во кои се движат неговите размислувања, некој ги негира, некој ги потврдува, мислам дека било што да носи тоа ќе биде апсолутно, апсолутно, неприфатливо за Македонија, за жал.
„Длабоко сум убеден дека Парламентот има две можности како да продолжи, или да продолжи без опозиција, опозицијата која од улица ќе се обиде да ја придобие јавноста и да се обиде да го блокира нормалното функционирање на државата, или да се распишат избори.“

Божиновски не се согласува и вели дека парламентарни избори нема да има.

„Не гледам причина зошто би имало парламентарни избори, апсолутно не гледам која е причината и која е потребата.“
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.


Според него, СДСМ ќе направи кардинална грешка доколку остане на ставот дека ќе бојкотира избори со оглед на тоа дека предусловот за пречистување на избирачкиот список е завршен и препораките на ОБСЕ/ОДИХР се исполнети.
Она што го слушаме од претседателот или од надлежните министри во владата е дека ние имаме јасно утврден став веќе подолг период наназад, од тоа не отстапуваме, каков е може да нагаѓаме, меѓутоа нема обид тој став барем да им се соопшти на останатите во државата, не верувам дека сега ќе се направи исклучок. Мислам дека Нимиц ќе дојде и ќе си замине, а ние и понатаму ќе нагаѓаме што предложил првиот пат и каква реакција добил вториот пат сега кога дошол во Скопје. Не би сакал да прејудицирам негативен исход од она што Нимиц ќе го прави во Скопје, меѓутоа мислам дека нашите нема да влезат со некоја висока политичка волја да го решат проблемот.

„Исто така јас се сомневам во овој случај со оглед дека не се парламентарни, туку локални избори, дека сите оние кандидати особено во општините каде кандидатите на СДСМ се и до сега на власт или имаат претензии и имаат добра шанса да дојдат на власт, дека ќе го послушаат лидерот и Централата и дека нема да се кандидираат на тие избори, така да тука ќе настане поголем проблем внатре во СДСМ, отколку што би настанал меѓу партиите.“

Внатрешните проблеми се одразуваат на интеграциите

Проблемите меѓу најголемите политички партии во земјава, освен на внатрешен план, според експертите, ќе имаат влијание и на евроатланската интеграција на Македонија.

Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека измината година потврди дека надворешна политика на Македонија се наоѓа во ќор-сокак, бидејќи не успеавме да станеме членка на НАТО и да добиеме датум за преговори со ЕУ.

„Во светлината на политичката криза што се случува деновиве во Македонија, кризата на македонската демократија, можеме да бидеме уште поголеми песимисти за она што следува оваа година на надворешно–политички план. Ми се чини дека големите теми ќе мора да бидат одложени и ќе мора да пристапиме кон лекување на раните кои сами си ги нанесовме, неразбирајќи ја суштината на демократскиот процес и применувајќи методи во меѓусебната политичка пресметка кои апсолутно не личат на земја кандидат за членство во Европската унија.“

Според Савески, Македонија се оддалечува се повеќе од интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Во светлината на политичката криза што се случува деновиве во Македонија, кризата на македонската демократија, можеме да бидеме уште поголеми песимисти за она што следува оваа година на надворешно –политички план. Ми се чини дека големите теми ќе мора да бидат одложени и ќе мора да пристапиме кон лекување на раните кои сами си ги нанесовме, неразбирајќи ја суштината на демократскиот процес и применувајќи методи во меѓусебната политичка пресметка кои апсолутно не личат на земја кандидат за членство во Европската унија.

„Во секој случај ќе може силите кои не се за тоа Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО, со полно право ќе можат да го наведат недостатокот на демократијата како причина за блокирање на интеграциските процеси на Република Македонија, така што во голема мера како и порано, работењето на внатрешен план е фактички и работење на процесот на интеграциите во ЕУ и НАТО.“

Што носи Нимиц?

За неколку дена, од осми до 11 јануари, се очекува и медијаторот на ОН во спорот со името Метју Нимиц да ги посети Скопје и Атина во обид за придвижување на преговорите за решавање на спорот за името. Поранешниот дипломат Ристо Никовски, вели дека речиси е неверојатно да се очекува дека за македонскиот државен врв ќе биде прифатлив кој било од предлозите на Нимиц.

„Мислам дека Нимиц, што и да донесе во дисаѓите што ги носи, ќе биде многу, многу тешко прифатливо за Македонија. Веќе излегоа некои рамки во кои се движат неговите размислувања, некој ги негира, некој ги потврдува, мислам дека што било да носи, тоа ќе биде апсолутно, апсолутно, неприфатливо за Македонија, за жал.“
Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос


За Божиновски, дали ќе има промена и придвижување не зависи од тоа што Нимиц ќе продолжи, туку од расположението на Грција.

„Во овој случај можеби малку позитивно е што тоа исто така ќе влезе во извештајот околу процесот, значи самиот процес на преговори сега ќе влезе во извештајот, околу тоа дали сме напреднале во она што ЕУ го постави како предуслов за добивање на датум, а тоа е интензивирање на преговорите, така да можеби тоа ќе влијае малку и за поголема ангажираност од страна на Грција, затоа што досега Грција ги игнорираше тие посети и прелози на Нимиц, особено во изминатите две-три години.“

Политичкиот аналитичар и член на Советот за НАТО интеграции на СДСМ Стево Пендаровски вели дека Нимиц доаѓа да ги слушне реакциите од Атина и Скопје по последните негови идеи на средбата пред околу еден месец.

„Она што го слушаме од претседателот или од надлежните министри во владата е дека ние имаме јасно утврден став веќе подолг период наназад, од тоа не отстапуваме, каков е може да нагаѓаме, меѓутоа нема обид тој став барем да им се соопшти на останатите во државата, не верувам дека сега ќе се направи исклучок. Мислам дека Нимиц ќе дојде и ќе си замине, а ние и понатаму ќе нагаѓаме што предложил првиот пат и каква реакција добил вториот пат сега кога дошол во Скопје. Не би сакал да прејудицирам негативен исход од она што Нимиц ќе го прави во Скопје, меѓутоа мислам дека нашите нема да влезат со некоја висока политичка волја да го решат проблемот.“

Пендаровски додава дека по заклучоците на Европскиот совет, македонското раководство го загуби ентузијазмот, кој го имаше претходно.

„Да имаше поинакви заклучоци во Брисел, можеби ќе имаше и поголема надеж, но по сите изјави што ги слушаме и на премиерот и на министерот за надворешни работи и на претседателот, ние сме разочарани од исходот на тој самит, не верувам дека со разочарувачки заклучоци, според нивната формулација, дека може да се гради позиција во која ќе влезете сериозно овојпат да го решавате тој проблем. Ако не го решававме претходно кода имавме релативно поповолни заклучоци, со овие последниве заклучоци маневарскиот простор, барем во делот на Скопје зборувам, не знам за Атина, е прилично стеснет. Таа мала политичка волја која беше минимум за формални разговори, не знам дали сега ќе се случи. “

И Никовски не гледа излез од состојбата.

„Тоа е еден маѓепсан круг во кој ќе се движиме и понатака, бидејќи сите мислат дека е дојден моментот Македонија да капитулира.“

Според експертите, партиите освен на меѓусебните односи на демократијата и на евроатланските перспективи на Македонија треба да работат и на подигнување на животниот стандард на граѓаните. Тие повикуваат разумот кај политичарите да проработи, да се освестат и да почнат да работат во служба на оние кои ги избрале. Политичките лидери разединето настапија и во нивните очекувања од новата година. Власта најави дека ќе продолжи со исполнување на реформите, европеизација на државата и отворање на нови работни места. Опозицијата порача дека власта државата ја води во бездна и ги повика граѓаните да се изборат за слободна и демократска Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG