Достапни линкови

logo-print

Вељаноски револтиран од обидот за злоупотреба на приватноста


претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

„Револтиран сум од обидот за злоупотреба на приватноста на моето семејство и на моите деца. Очигледно е дека задирањето во приватноста во овој сложен политички момент воопшто не е случајно“, вели во писмената изјава претседателот на Собранието Трајко Вељаноски откако вчера на интернет порталите беше објавена фотографија за која се тврди дека е од неговата ќерка. „Сепак, колку и да се обидуваат преку злоупотреба на приватноста да удрат по институциите, не само што тоа нема да ме поколеба, туку напротив, ме прави уште порешителен во остварувањето на интересите на граѓаните, почитувањето на Уставот и институциите и спроведувањето на редот и поредок во нив, наведува Вељаноски.
XS
SM
MD
LG