Достапни линкови

Грчки медиуми: Нимиц ќе предложел стара идеја


Медијаторот во спорот со името Метју Нимиц за време на претстојните посети на Атина и на Скопје најверојатно на маса ќе ја стави најстарата идеја за решавање на прашањето за името, а тоа е „Република Северна Македонија“. Ова денеска го пишува грчкиот информативен портал „Капитал“ нагласувајќи дека Нимиц наместо да предлага стара идеја, требало да го „заживее“ процесот на разговори што веќе беше постигнато до некоја мера за време на неговите последни состаноци со претставниците на двете страни. Порталот оценува дека фактот што посетата на Нимиц се совпаѓа со планираниот пат на премиерот Андонис Самарас во Берлин е знак за „ограничениот интерес“ на грчкиот премиер за процесот.
XS
SM
MD
LG