Достапни линкови

logo-print

Депардје - „Русија е голема демократија“


Францускиот глумец Жерар Депардје потврди дека го побарал рускиот пасош кој му беше вчера доделен. Тој напишал отворено писмо до руските медиуми во кое изразил благодарност дека неговото барање е прифатено од претседателот Владимир Путин.
Шеесет и три годишниот глумец напиша дека е добро да се живее во Русија која ја опиша како голема демократија.
Тој писмото го заврши со зборовите „Да живее Русија“ . Депардје е во таканаречен даночен спор со француските власти. Имено социјалистичката влада планира да воведе данок од 75 насто на приход од над милион евра. Во Русија во сила се рамни даноци од 13 проценти.
XS
SM
MD
LG