Достапни линкови

Г.г. Стефан: Бараме да бидеме препознати како автокефална Црква


„Не бараме повеќе, освен да бидеме препознати како автокефална Црква, како што се и сите други Цркви кои духовно возглавуваат еден национален, односно еден духовен простор кој има свои граници, потврдени во историјата. Македонската православна црква е возобновителка на Охридската архиепископија, не е новонастаната Црква. Иако со де јуре прекинат континуитет, сепак, де факто таа секогаш постоела, живеејќи во срцата и мислите на Македонецот и сите православни од овие наши простори“.
Ова го изјави поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан во Божикното интервју за МИА.
Во врска со тоа дали има најави за продолжување на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква имајќи ја предвид изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ за време на неговата неодамнешна посета на Македонија, дека е подготвен да се ангажира, г.г.Стефан вели „Нашата конструктивност за решавање на овој спор ја докажавме и веднаш по оваа најнова иницијатива – испративме писмо до Саборот на СПЦ со подготвеност да седнеме и да разговараме. Но, мора да се знае дека кога се пристапува во решавање на еден ваков спор, не е ниту дипломатски, ниту е во согласност во правилата, да се поставуваат услови и барања пред разговорите да почнат, вели поглаварот на МПЦ-ОА
XS
SM
MD
LG