Достапни линкови

Македонија е сè што имаме


Дарко Давитковски - Претседател на Социјал-демократската младина на Македонија.
Дарко Давитковски - Претседател на Социјал-демократската младина на Македонија.

Кога почна канонадата од камења се свртев и видов еден млад член на СДММ како зборува на телефон со некој од контрапротестантите и му вели „брат не мавај наваму“. За ваква ли Македонија илјадници животи дадоа партизаните и комитите? За да стигнеме на протест да се појават контра протести на кои ги тепаат луѓето кои дошле да се борат за своето подобро утре?, пишува за РСЕ Дарко Давитковски - претседател на Социјал-демократската младина на Македонија.

Многу пријатели ми се јавија деновиве да ме прашаат како сум? Дали сум добил некој пендрек? „Опасно беше“ ми рекоа, гледале на телевизија, ми звучеа прилично загрижени, дури и оние кои знам дека вообичаено не ги интересира многу политиката. Си премолчив, реков само добро е, обидувајќи да го сокријам она што ми се вртеше во глава.
За ваква ли Македонија илјадници животи дадоа партизаните и комитите? За да стигнеме на протест да се појават контра протести на кои ги тепаат луѓето кои дошле да се борат за своето подобро утре? Кој ви даде право да попречите некој да го искаже своето мислење за владините политики кои се тотално погрешни?

Тешко е да се објасни со зборови чувството дека не постои камен, пендрек или фрлено јаболко кое може да нанесе повеќе болка од сознанието дека режимот што ни ја киднапира државата почна најотворено да го покажува своето вистинско лице. Она што до пред неколку месеци го гледав на странските ТВ канали со чудење, не очекувајќи дека може и нешто пострашно дури и на нас да ни се случи, пламна во еден момент, а веќе наредниот се гледав на СиЕнЕн.

Во понеделникот просторот пред Собранието не ми личеше ништо подобро од сликата пред Тахири плоштадот во Египет кога се судрија приврзаниците на Мубарак и опозицијата која бараше негово симнување од власт. Кога стигнав буквално не знаев на која група треба да и се приклучам, се беше измешано. Тогаш видов дека сме се измешале „наши и нивни“ Македонци. Не можев да поверувам дека може да им падне такво лудило на памет, ама тогаш ми текна дека немаат памет. Млади луѓе вработени во општинските служби, инспекции испратени играа улога на контрапротестанти. Кога почна канонадата од камења се свртев и видов еден млад член на СДММ како зборува на телефон со некој од контрапротестантите и му вели „брат не мавај наваму“.

За ваква ли Македонија илјадници животи дадоа партизаните и комитите? За да стигнеме на протест да се појават контра протести на кои ги тепаат луѓето кои дошле да се борат за своето подобро утре? Кој ви даде право да попречите некој да го искаже своето мислење за владините политики кои се тотално погрешни? Дали ве прави надлежни да одлучувате за иднината на сите тоа што вие примате плата од државата, платени од сите нас (дури и од тие што ги тепате и омаловажувате)?

Со тоа што ја извадивте членската книшка од ВМРО-ДПМНЕ не ја добивте и дозволата да повредувате други граѓани кои не размислуваат како вашите водачи. Меѓу тие што им скршивте рака, глава ги посрамотивте со јајцата што ги фрлате, можеби се наоѓа некој ваш роднина, комшија или човекот кој ви го спасил или можеби ќе ви го спаси животот.
Со тоа што ја извадивте членската книшка од ВМРО-ДПМНЕ не ја добивте и дозволата да повредувате други граѓани кои не размислуваат како вашите водачи. Меѓу тие што им скршивте рака, глава ги посрамотивте со јајцата што ги фрлате, можеби се наоѓа некој ваш роднина, комшија или човекот кој ви го спасил или можеби ќе ви го спаси животот.

Благодарение на лудилото кое што го создаваше оваа власт, во државата која што го креира јавното мислење преку контролата на медиумите и пропагандата успеа да го подели целото население за полесно да владее. Се што беше ненормално успејаа да го направат да биде нормално. Седум години не делеа на сите основи, и конечно успеаја да нѐ исправат едни против други.

Прави макијавелисти, целта ги оправдува средствата ама цената е превисока. За жал цената веќе почнавме да ја плаќаме. Овие се тие настани што прават младите луѓе да бегаат од државата. Немаше млад човек што не ги осуди настаните пред и во собранието со зборовите „овие забегаа скроз“. Почнаа се поголем број на млади луѓе да размислуваат за напуштање на државата и бегање од бездната во која не донесоа.

Јас се обидувам да ја разберам потребата да избегате од државата во потрага по подобар и сигурен живот, но она што сигурно го разбирам е одговорноста која ја имаме пред државата, татковината, нашите семејства и пријатели, да се вклучиме во борбата за подобар живот.

Или сите ќе се вклучиме во борбата за враќање на демократијата и правната држава во Македонија или ќе продолжиме да живееме во страв и ќе размислуваме како да избегаме од државата.

Или сите ќе се вклучиме во борбата за враќање на демократијата и правната држава во Македонија или ќе продолжиме да живееме во страв и ќе размислуваме како да избегаме од државата.
И токму заради сето ова не смееме никогаш да ги заборавиме зборовите со кои претседателот Глигоров нè задолжи сите нас - Македонија е сè што имаме. Овој државник ни покажа како конфликтите можат да се решаваат без војни и насилство. Последните случувања во македонската политика покажаа дека режимот на оваа власт нема капацитет да ги следите мудрите зборови на овој голем човек. Ако е така, да им покажеме од што се направени партизаните.

За крај, дозволете ми да ви посакам среќна Нова година и среќни Божикни празници. Тие нека ви донесат здравје и среќа, а за слободата и демократијата... е за тоа ќе треба сите заедно да се избориме.
XS
SM
MD
LG