Достапни линкови

САД:Смртта на Назир е „значителен удар“ врз милитантите


Американското министерство за одбрана ја поздрави информацијата во медиумите според која при напад со беспилотно летало е убиен исламскиот милитантен командант Мула Назир во Пакистан. Портпаролот Џорџ Литл не ја потврди информацијата за нападот, но изјави дека смртта на Назир значи „значителен удар“ врз милитантите и е од голема корист во борбата на американските и пакистанските сили против милитантите. Назир, кој се смета за одговорен за организирање на напади врз американски војници во Авганистан, загина во текот на ноќта при напад во Јужен Вазиристан. Новинските агенции јавуваат дека при нападот загинале најмалку 8 луѓе.
XS
SM
MD
LG