Достапни линкови

Стејт Департментот се противи на одлуката на Шмит да ја посети Северна Кореја


Американскиот Стејт Департмент ги критикува плановите на извршниот директор на Гугл Ерик Шмит за посета на Северна Кореја. Портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуланд изјави дека тајмингот на Шмит за посета на Пјонгјанг „ не е од особена корист“ и дека тој е информиран за владиното противење за таквата посета. Таа додаде дека тој и поранешниот гувернер на Ново Мексико Бил Ричардсон ќе ја посетата Северна Кореја приватно и дека не носат никакви пораки до власта од американската влада. Северна Кореја е под меѓународни санкции поради нејзината нуклеарна програма и ракетни тестови.
XS
SM
MD
LG