Достапни линкови

Техеран ги затвори училиштата поради загадениот воздух


Властите во Техеран наредија во сабота да се затворат сите училишта, универзитети, владини канцеларии и институции поради високиот степен на загадување на воздухот во иранскиот град. Здравствените установи ќе примаат само итни случаи а откажани се и сите утрешни натпревари, поради заштита на здравјето на играчите. Властите планираат да воведат и сообраќајни ограничувања со цел намалување на степенот на загадување, а жителите се советуваат да не излегуваат од своите домови доколку немаат потреба. Ова е втор пат за еден месец како се воведува забрана за движење во Техеран поради загадување на воздухот.
XS
SM
MD
LG