Достапни линкови

Карзаи во посета на Вашингтон


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи следната недела ќе ги посети Соединетите Држави, каде ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон. Портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуланд изјави дека се очекува Карзаи да пристигне во Вашингтон во вторник. Таа додаде дека главна тема на разговорите ќе бидат за политичката и безбедносната транзиција во Авганистан.
XS
SM
MD
LG