Достапни линкови

Републиканецот Бејнер реизбран за претседател на Претставничкиот дом


Републиканецот од Охајо Џон Бејнер е повторно избран за претседател на Претставничкиот дом на САД. Новиот 113 ти состав на Конгресот, денеска го започна својот мандат, откако претходниот состав го заврши мандатот со усвојувањето на буџетот при што земјата се спаси од „фискална бездна“ . Денеска 12 нови сенатори и 82 нови конгресмени положија свечена заклетва. Со последните избори во САД се зголеми присуството на демократите во Сенатот додека републиканците се уште го имаат мнозинството во Претставничкиот дом. Во следните неколку дена се очекува новите членови на Конгресот да се соочат со предизвикот да го избегнат автоматското зголемување на даноците и намалувањето на трошоците на администрацијата.
XS
SM
MD
LG