Достапни линкови

logo-print

Косово воведува визи од од 1 јули, а не од 1 јануари


Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека одлуката за воведување визи за граѓани од 87 држави ќе почне да се применува од 1 јули оваа година, а не од 1 јануари. Министерството испрати соопштение откако одделни медиуми јавија дека воведувањето на режимот почнало на 1 јануари.

Меѓу државите чии граѓани треба да имаат влезни визи за Косово се Русија, Кина и Индија.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Косово изјави дека одлуката за воведување визи ќе придонесе за зголемување на безбедноста на Косово.
XS
SM
MD
LG