Достапни линкови

Повеќе од 100 луѓе умреле од студ во Индија


Илустрација: Студ во Индија.

Илустрација: Студ во Индија.

Повеќе од 100 луѓе умреле за време на двонеделните студови на северот на Индија, соопшти хуманитарната организација ActionAid. Организацијата ги обвини индиските власти дека не обезбедиле прифатилишта за оние на кои им е потребно и покрај инструкциите од Врховниот суд. Тие соопштија дека повеќе од 100 илјади бездомници во Њу Делхи се изложени на студеното време. Температурите во главниот град на Индија оваа недела се спуштила до 10 степени целзиусови што е за 11 степени постудено од просечната температура во јануари. Ова е најстудена недела во Њу Делхи од 1969 година. Температурата во северните градови се спуштила до нула степени.
XS
SM
MD
LG