Достапни линкови

Бомбашки напад и протести во Ирак


Протести на сунитите во Ирак.

Протести на сунитите во Ирак.

Најмалку 19 шиитски аџии загинаа во самоубиствен напад со автомобил-бомба во доминантно шиитскиот град Мусајиб јужно од Багдад. Тие се враќале од верски ритуал во Карбала. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но сунитските радикали често напаѓаат шиитски аџии за време на верски ритуали.

Во меѓувреме, илјадници луѓе излегоа на протести во регионите каде што мнозинството од жителите се сунити. Тие бараат ослободување на затвореници и оставка на премиерот Нури ал-Малики. Во овие региони цела недела има антивладини протести. Илјадници демонстранти од регионот на Багдад и во јужен Ирак, каде што мнозинство од жителите се шиити, се придружија на протестите, откако шиитскиот свештеник Моктада ал-Садр ги поддржа демонстрантите. Во обид да им се излезе во пресрет на клучните барања на демонстрантите, властите наредија ослободување на 11 жени од притвор и ветија дека жените-затвореници ќе бидат префрлени во затвори во провинциите каде што живеат. Ирачките сунити сметаат дека доминантно шиитската влада на премиерот Нури ал-Малики ги дискриминира.
XS
SM
MD
LG