Достапни линкови

Жестоки борби на северот на Сирија и околу Дамаск


Илустрација.

Илустрација.

Сиријски активисти информираат за жестоки борби меѓу владините сили и бунтовниците на северот на земјата и околу главнот град Дамаск. Сиријската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, повикувајќи се на активисти од теренот, соопштува дека повторно се водат борби за контрола на воздухопловната база го градот Тафтаназ во провинцијата Идлиб. Бунтовниците неколку пати во изминативе месеци неуспешно се обидуваат да ја освојат базата. ОН вчера соопштија дека проценуваат дека во 21-месечниот конфликт во Сирија досега загинале околу 60 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG