Достапни линкови

logo-print

СДСМ - Кратењето на платите е мала цена за демократијата


СДСМ во реакција по денешното известување од Собранието наведува дека претседателот на Собранието нема никаков кредибилитет и легитимитет да се повикува на закон по 24 декември и оти за нив секоја негова одлука, изјава или соопштение е беспредметна.

Кратењето на платите е мала цена за демократијата, слободата и политичката борба за враќање на Македонија во вистинска насока“, се наведува во реакцијата од СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е најнеповикан да зборува за парламентарна демократија по сите изјави и повикувања за насилнички сценарија и рушење на власт од улица.
XS
SM
MD
LG