Достапни линкови

Ракометарите се надеваат на осминафинале на Светското првенство


Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија на 23 јануари 2012 година.

Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија на 23 јануари 2012 година.

Пласман во осминафиналето на Светското првенство во ракомет во Шпанија е главна цел на македонскте ракометари. Селекторот Ѕвонко Шундовски вели дека за оваа цел очекува победи против Чиле и Катар.

„Иако сме поквалитетни од овие два противника, не смееме ни да помислиме дека тоа ќе бидат лесни натпревари и затоа треба да влеземе максимално борбено и да одиграме како што посакуваме за да ја постигнеме целта“, рече селекторот Шундовски, по завршувањето на еден од последните тренинзи пред настапот на Мундијалот.

Македонските ракометари патуваат во Шпанија на 11 јануари, а првиот дуел го играат на 12 јануари против Чиле во Севиља. Покрај Чиле, во групата Б со Македонија се и Катар, Русија, Исланд и Данска. Првите четири репрезентации продолжуваат во осминафиналната фаза.
XS
SM
MD
LG