Достапни линкови

Узбекистан забрани транспорт на гас кон Таџикистан


Наоѓалиште за гас во Таџикистан.

Наоѓалиште за гас во Таџикистан.

Узбекистан забрани патен транспорт на течен природен гас на своја територија. Владата вели дека забраната се воведува поради зголемување на јавната безбедност и поради заштита на животната средина. Најголема штета од забраната ќе има соседниот Таџикистан. На 31 декември, откако истече важечкиот договор, Узбекистан ја прекина испораката на гас преку гасоводи за Таџикистан, откако двете земји не успеаја да се договорат за новите цени на гасот. Узбекистан, кој е единствен снабдувач со гас на енергетски зависниот Таџикистан, редовно ја прекинува испораката кон соседната земја поради неплаќање. Односите меѓу двете поранешни советски ценралноазиски држави се затегнати од осамостојувањето во 1991 година. Узбекистан остро се противи на плановите на Таџикистан за изградба на хидроцентрали, зашто официјален Ташкент смета дека тоа ќе го намали протокот на вода во реките што во Узбекистан се користат за наводнување на посевите.
XS
SM
MD
LG