Достапни линкови

logo-print

Уапсен поранешниот шеф на турската армија


Илустрација: Турски војници.

Илустрација: Турски војници.

Поранешниот началник на генералштабот на турската армија Хаки Карадаји е притворен, како дел од истрагата за улогата на војската во соборувањето на првата исламистичка влада во земјата во 90-тите години од минатиот век. Турските медиуми јавуваат дека Карадаји бил уапсен во неговиот дом во Истанбул. Тој беше шеф на армијата од 1994 до 1998 година.

Војската изврши притисок врз премиерот Неџмедин Ербакан во 1997 година да поднесе оставка, по наводните обиди за зајакнување на исламскиот профил на земјата.

Турската армија се доживува себе си како гарант на секуларниот Устав и изврши три државни удари од 1960 до 1980 година. Про-исламистичката Партија на правдата и развојот на премиерот Реџеп Таип Ердоган со години имаше затегнати односи со армијата. По доаѓањето на власт, Ердоган многу ја намали моќта на војската.
XS
SM
MD
LG