Достапни линкови

logo-print

Косово сака отворање канцеларии за врски во Приштина и во Белград


Архивска фотографија: Косовскиот премиер Хашим Тачи, шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и српскиот премиер Ивица Дачиќ во Брисел.

Архивска фотографија: Косовскиот премиер Хашим Тачи, шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и српскиот премиер Ивица Дачиќ во Брисел.

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај изјави дека премиерот Хашим Тачи на средбата со српскиот колега Ивица Дачиќ на 17 јануари во Брисел ќе побара отворање на канцеларии за врски во Приштина и во Белград, а претставниците на двете држави да имаат дипломатски имунитет.

Хоџај вели дека се работи на тоа Косово да има свој амбасадор во Србија.

На последната средба во Брисел, двајцата премиери се согласија Приштина и Белград да имаат по еден свој претставник за врски, но Дачиќ посочи дека не се договориле за отворање на канцеларија за врски.
XS
SM
MD
LG