Достапни линкови

logo-print

Драстично кратење на платата за пратениците кои го бојкотираат Парламентот


Пратениците кои ја бојкотираат работата на Собранието на РМ, од овој месец ќе земаат една третина од платата која им е исплатена во последниот месец, се вели во соопштението од Парламентот. Ваква одлука била донесена на координацијата кај претседателот на Парламентот Трајко Велјановски, одржана на 31 декември 2012-та година. Било договорено и правен тим да ги документира сите случувања на 24-ти декември и да биде утврдена одговорноста за случувањата кои го нарушија угледот на Собранието на Македонија.
XS
SM
MD
LG