Достапни линкови

Носењето на буџетот поттикна говор на омраза на социјалните мрежи


Секое етикетирање и дехуманизирање во јавниот дискурс може да придонесе кон дополнителен раст на тензиите, вели Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми.

Говорот на омраза се рашири низ медиумите по инцидентот во Собранието. Упатените забележуваат дека повици за насилство и навреди се шират преку коментарите на отворените форуми, јавувањата во контактните емисии па дури и во дел од новинарските извештаи.
Остава голем простор за шпекулации и за дезинформации фактот што повеќето медиуми кај нас немаат воспоставено ефикасни системи за модерирање на коментарите на нивните читатели и гледачи. Постојат начини на кои тоа треба да се направи, или доволно луѓе да го прават тоа или воопшто да не се дозволат коментари или, пак, може секој од авторите на текстовите да го презеде модерирањето на коментарите кои се поврзани со содржината.

Многуте медиуми и социјалните мрежи во одредени случаи имаат опасно влијание по инцидентот во законодавниот дом, вели професор Сади Кембро.

„Мислам дека шират една голема омраза меѓу една националност, меѓу две партии кои се од една националност и тоа значи дека ќе има и последици.“

Секое етикетирање и дехуманизирање во јавниот дискурс може да придонесе кон дополнителен раст на тензиите, вели Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми.

„Остава голем простор за шпекулации и за дезинформации фактот што повеќето медиуми кај нас немаат воспоставено ефикасни системи за модерирање на коментарите на нивните читатели и гледачи. Постојат начини на кои тоа треба да се направи, или доволно луѓе да го прават тоа или воопшто да не се дозволат коментари или, пак, може секој од авторите на текстовите да го презеде модерирањето на коментарите кои се поврзани со содржината.“

Коментарот на читателот или гледачот е дел од текстот, вели Сарачини.

„Медиумската наука го разгледува него како дел од текстот, значи токму поради тоа медиумските куќи, особено уредниците и новинарите треба да внимаваат на тоа што се коментира.“

Дополнително, потребно е и политичарите да ги смират страстите, смета професор Кембро.

„Може да има и поголеми последици и ситуацијата да излезе од контрола.“

Говорот на омраза во Македонија е кривично дело, но засега тешко е да се најдат информации дека некој во земјава бил казнет по основ ширење на говор на омраза.
XS
SM
MD
LG