Достапни линкови

logo-print

Неизвесна здравствената состојба на Чавез


Претседателот на Венецуела Уго Чавез е во деликатна, но стабилна состојба, соопшти министерот за наука Хорхе Ареаза од Хавана, каде што Чавез беше опериран по четврти пат. Братот на Чавез, Адан, исто така допатувал во Хавана, како и вице-претседателот Николас Мадуро. Претходно, боливискиот претседател Ево Моралес, кој го посети Чавез, изјави дека неговата здравствена состојба е загрижувачка. Во меѓувреме, портпаролката на Белата Куќа Викторија Нуланд изјави дека Соединетите Држави очекуваат во Венецуела да се одржат слободни, фер и демократски избори, доколку Чавез не се врати на функцијата.
XS
SM
MD
LG