Достапни линкови

Мубарак знаел за злосторствата врз демонстрантите


Египетската комисија која ги истражува загинувањата на демонстранти за време на востанието против соборениот претседател Хосни Мубарак во 2011-та, соопшти дека тој знаел за злосторствата против демонстрантите. Имено, Мубарак ги гледал видео снимките од демонстрациите и од интервенциите на безбедносните сили. Тој веќе е на издржување казна доживотен затвор, но не за издавање наредби за егзекуции на демонстранти, туку за непревземање мерки за спречување на крвопролевањата.
XS
SM
MD
LG