Достапни линкови

Домашниот кромид скапува по дворовите


Производител на кромид покажува скапан непродаден кромид во селото Бела Црква во близина на Прилеп.

Производител на кромид покажува скапан непродаден кромид во селото Бела Црква во близина на Прилеп.

Годинешниот кромид скапуваат по дворовите на земјоделските семејства во прилепското село Бела Црква. Производителите се жалат дека трпат големи штети.

Љупчо Бошески од прилепското село Бела Црква живее без пари, со секојдневни закани дека куќата ќе му биде исклучена од електро мрежата поради наплатени сметки. Вели не чека социјална помош, работи како роб по нивите и тој и неговата сопруга, за да ги одгледаат двете деца. Само годинава произвеле 35 тони кромид и наместо заработувачка, ќе им пропаднат над 10 илјади евра, бидејќи пласман нема, кромидот им скапува по дворот, покриен со најлони, но секако студот и ниската температура ќе го смрзнат, ќе скапе и ќе бидат принудени да го фрлат на дивата депонија во близина на селото.
Нема пласман, нема цена, нема ништо. Владата увезува кромид од Србија, Хрватска, а ние останавме на цедило. Со овој кромид ние штети ќе имаме, не знаеме дали ќе опстанеме, дали ќе имаме за леб. Штетите се некаде од 10 до 15 илјади евра.

„Нема пласман, нема цена, нема ништо. Владата увезува кромид од Србија, Хрватска, а ние останавме на цедило. Со овој кромид ние штети ќе имаме, не знаеме дали ќе опстанеме, дали ќе имаме за леб. Штетите се некаде од 10 до 15 илјади евра“, вели Бошески.
Производител на кромид покажува скапан непродаден кромид во селото Бела Црква во близина на Прилеп.

Производител на кромид покажува скапан непродаден кромид во селото Бела Црква во близина на Прилеп.


А, 69-годишнито Крсте Стојкоски од истото село, вели дека не памети вакви времиња, да работи, да ја гледаат фамилијата и накрај да бидат оставени сами на себе, без никаква грижа од државата, од ресорното Министерство.

„Производство имам некаде над 30 тони, штети трпиме големи, трошоци имаме големи, а нема ниту еден досега да дојде, да види и да праша дали има некој купец или нема. Не знаме што да му правиме на кромидот, ова е греота и жалосно да се фрли.“
Производство имам некаде над 30 тони, штети трпиме големи, трошоци имаме големи, а нема ниту еден досега да дојде, да види и да праша дали има некој купец или нема. Не знаме што да му правиме на кромидот, ова е греота и жалосно да се фрли.

Откупниот пункт во селото е празен. Две до три палети се полни со по педесетина вреќички кромид. Откупот е стопиран, никој не се јавува, нема порачки, Владата, велат откупувачите, сепак треба да се заложи да им обезбеди пласман не во странство, но со стопирање на увозот да го заштити и субвенционира домашното производство, бидејќи конкретно во Бела Црква речиси сите семејства живеат од земјоделство.

„Во оваа ситуација бараме да излезат на терен и да најдат начин како да се пласира кромидот“, вели Рубин Шефтероски, откупувач во Бела Црква.

Земјоделците го канат министерот за земјоделство Љупчо Димовски да ги посети, да им помогне во решавање на проблемот, зошто велат дека годинешното производство токму поради недостиг на пласман е намалено за 80 отсто во однос на и минатата година. Многу жители на селото се соочуваат со исти проблеми при откупот на компир и други градинарски култури, како и со откупот на јагнињата. Разочарани се велат, што некој надлежен на локално ново или во Министерството не дошол да ги чуе нивните проблеми. Пак им ветуваат, но овие луѓе соочени пет години со истите проблеми, велат дека овојпат изгубиле надеж во политиката и во политичарите.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG