Достапни линкови

logo-print

Сириските бунтовници напаѓаат владина воздухопловна база


Илустрација: Сириски воен авион.

Илустрација: Сириски воен авион.

Сириските бунтовници напаѓаат воздухопловна база во градот Тафтаназ во провинцијата Идлиб, јавуваат сириски активисти. Сиријската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека нападот на воениот аеродром, што почнал рано изутрината е еден „од најжестоките“. Бунтовниците и претходно ја напаѓаа оваа база, но не успеаја да ја освојат. Во владините воздухопловни сили, бунтовниците гледаат главна закана во последните неколку недели и затоа почнаа засилено да ги напаѓаат воените аеродроми, особено на северот на земјата.
XS
SM
MD
LG