Достапни линкови

Климата и берачите ги истребуваат заштитените растенија


Човечкиот фактор и глобалното затоплување влијаат за намалување на растителниот свет во повеќето значајни растителни подрачја во Македонија. Од Македонското еколошко друштво посочуваат дека Македонија се уште нема детални податоци какви се последици има врз растителниот свет од климатските промени.

Од Македонското еколошко друштво предупредуваат дека одредени растителни видови кои се под заштита се загрозени од човечкиот фактор во повеќето значајни растителни подрачја во Македонија. Воедно истакнуваат дека нивната популација е значитечно намалена поради несовесно собирање за медицински потреби, декорација и зачини.
На пример жолтата линцура и пелистерската качунка, кои и покрај тоа што ова подрачје е заштитено, се уште постојат податоци за несовесно нивно собирање. Ние до заштитата на растителните видови сме значително далеку. Како земја која не е членка на ЕУ, не можеме да ги исполнуваме одредени правила и регулативи кои важат за другите земји во Европската унија.
Наталија Ангелова, македонско еколошко друштво.

Наталија Ангелова од ова еколошко здружениe изјавува:

„На пример жолтата линцура и пелистерската качунка, кои и покрај тоа што ова подрачје е заштитено, се уште постојат податоци за несовесно нивно собирање. Ние до заштитата на растителните видови сме значително далеку. Како земја која не е членка на ЕУ, не можеме да ги исполнуваме одредени правила и регулативи кои важат за другите земји во Европската унија“, вели Ангелова.

Од националниот парк Пелистер, кој се смета за значајно растително подрачје велат дека овие растенија кај нив не се на удар на берачите.

„Не сметаме дека се загрозени зашто ги има во доволна количина. Станува збор за растенија заштитени со Бернската и со Набитат конвенциите и треба да се води сметка да не дојде до негово исчезнување. За сега не сме имале потреба од ангажман да го заштитуваме зашто не се користи толку како лековитите растенија за да биде загрозено“, вели Пеце Цветановски, преставник од паркот.

Според него во последно време загрижува влијанието на глобалното затоплување врз растителниот свет.

„Најголемо влијание има врз моликата, која од 2200 метри надморска височина оди на 2300 метри што значи дека станува збор за бегање од потоплиот кон поладниот дел“, вели Цветановски.

Од Македонското еколошко друштво посочуваат дека Македонија се уште нема детални податоци какви се последици има врз растителниот свет од климатските промени.

„Во листата на потенцијални закани за растителниот свет стојат и климатските промени. Кај нас има дефицит на научни истражувања во врска со тоа до кој степен климатските промени влијаат врз нарушувањето на растителиот диверзитет“, вели Ангелова.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG