Достапни линкови

Адвокатската маркичка - спорна


Основен суд 1 во Скопје
Основен суд 1 во Скопје

Адвокатската маркичка е инструмент за плаќање на персоналниот данок на доход за оние приходи кои адвокатите поединци ги остваруваат во готово. Но, според упатените, овој акт има многу пропусти и нелогичности.

Иако и официјално законот за адвокатски маркици стапи во сила, пензионираниот правник Стамен Филипов се надева дека неговата иницијатива со која бара укинување на овој правен акт, Уставниот суд ќе ја прифати. Тој е веројатно еден од малкуте кои својата правна битка ја водат на ваков начин. Последната негова иницијатива со која во најмала рака бара времена мерка за негова примена, ја поднесува оти смета дека законот е дискриминаторски.
Основа грешка, адвокатите поединци да плаќаат, а адвокатските друштва да не плаќаат, што е дискриминација, невидена дискриминација и сега адвокатите сите бараат да се зачленат во адвокатско друштво, ама тоа е друга политика.
Стамен Филипов, пензиониран правник.

„Основна грешка, адвокатите поединци да плаќаат, а адвокатските друштва да не плаќаат, што е дискриминација, невидена дискриминација, и сега адвокатите сите бараат да се зачленат во адвокатско друштво, ама тоа е друга политика“, изјави Филипов.

Адвокатската маркичка е инструмент за плаќање на персоналниот данок на доход за оние приходи кои адвокатите поединци ги остваруваат во готово. Но, според Филипов овој закон има уште многу пропусти и нелогичности.

„Ако е маркичка, зошто не е предвидена како судска таксена или како административна марка. Зошто адвокатите ги задолжуваат да плаќаат и за трошоци и за печатење и за транспортирање, за чување. Друго, јас сум во Скопје, јас сум среќен, а тој во Струга, јадниот што да прави, тој треба и патот да го плаќа.“
На тие маркички треба да се пропише формата, димензијата, треба да се пропиште заштита, затоа што како ќе се спречи и како ќе се ограничи евентуално копирање, фалсификати. Мора да има знаци затоа што тоа де факто се хартии од вредност, коишто јас ги купувам од државата, а потоа ги користам за авансно плаќање на персоналниот данок.
Еленко Миланов, адвокат.

Иницијатива за укинување на законот имаат поднесено и група адвокати. За нив е спорна и самата реализација на овој закон, на почетокот на годината, оти техничките услови за негово спроведување требало да се исполнат навреме, а не непосредно на почетокот од годината. Тоа, објаснува адвокатот Еленко Миланов, ја доведува во прашање и правната помош на граѓаните, оти судовите нема да прифаќаат поднесоци без маркица, кои до 1 јануари, кога законот стапи во сила не беа испечатени.

„На тие маркички треба да се пропише формата, димензијата, треба да се пропиште заштита, затоа што како ќе се спречи и како ќе се ограничи евентуално копирање, фалсификати. Мора да има знаци затоа што тоа де факто се хартии од вредност, коишто јас ги купувам од државата, а потоа ги користам за авансно плаќање на персоналниот данок“, изјави Миланов.

Во меѓувреме и Адвокатската комора побара одлагање на примената на овој закон за шест месеци.

Универзитетскиот професор Осман Кадриу вели дека ваквите иницијативи се еден од легитимните начини за водење на правната битка. Ако кој било граѓанин смета дека со одреден правен акт му се загрозува или повредува некое право, тој има право да се заштити со помош на одредни правни механизми, вели Кадриу.

„На прво место тука ни се судовите, па потоа го имаме народниот правобранител и надлежните собраниски комисии. Правни механисми кои ги уредува и ги гарантира секоја правна држава, а исто така ги уредува и нашата правна држава. Уставниот суд се јавува само во оние случаи кога станува збор за повреда на право, меѓутоа преку одредени правни акти.“

Според Кадриу, во време на голема политизиранот во општеството, оправдани се сомневањата на граѓаните за тоа кој и како одлучува по нивните иницијативи.

„Доаѓаме до состојба во одредени случаи да имаме не уставни, туку политички одлуки, што не смее. Назависно од промената на составот на Уставниот суд, тој мора да е одговорен за заштита на уставниот поредок, одговорен за заштита на Уставот.“

Филипов се надева дека Уставниот Суд ќе пресуди во негова корист. Досега тој има поднесено над 850 иницијативи. Од нив Уставен му прифатил 293, а 550 биле отфрлани како неосновани.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG