Достапни линкови

logo-print

Македонската полиција со „шкода јети“


Министерството за внатрешни работи денеска ќе ги презентира новите возила „шкода јети“ кои ќе ги заменат старите „крајслери“. На тендерот што го распиша Министерството за внатрешни работи за набавка на 150 нови возила за најповолен понудувач беше избрана компанијата „Порше Македонија“. Таа даде најниска понуда од 199.750.000 денари за набавка на возилата, односно за 10 милиони денари пониска од почетната цена на аукцијата. Во цената е вклучено и тригодишнo бесплатно одржување на возилата. Последниот тендер за набавка на возила за МВР беше пред 12 години кога беа купени крајслери.
XS
SM
MD
LG