Достапни линкови

САД: одобрен законот за избегнување на фискалната бездна


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри законот со кој се избегнува фискалната бездна на даночни зголемувања и кратења на трошоците. Законот претходно мина и во Сенатот, а претседателот Барак Обама оцени дека со тоа американскиот даночен систем станува поправичен. Законот беше неопходен за да се избегне фискалната бездна, односно автоматското зголемување на даноците и намалување на трошоците кои се закануваа дека повторно ќе ја турнат американската економија во рецесија. Станува збор за бездна од околу 600 милијарди долари што пак, според економистите, неминовно ќе ја погодеше и економијата во светот.
XS
SM
MD
LG