Достапни линкови

Ќе се заштитува Студенчишкото Блато


Студенчишко Блато.

Студенчишко Блато.

Под слоганот „Заштити го блатото, сочувај го златото“ во Охрид започна да се ревитализира познатото Студенчишко Блато кое некогаш било главно мрестилиште на крапот и други видови риби. Деградацијата на овој значаен еко-систем започнува во 70-те години на минатиот век.

Уништувањето на Студенчишкото Блато во Охрид, кое е нераскинливо поврзано со Охридското Езеро, започнува кон крајот на 70-те години од минатиот век со изградбата на Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори заради одржувањето на армиските спортски игри на некогашната ЈНА, со што биле уништени големи пространства од блатото. Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод вели дека од некогашните 40 хектари, колку што била вкупната површина на блатото, денес таа изнесува помалку од 20 хектари. Пред да настане деградацијата, блатото било едно од најголемите мрестилишта на крапот и други видови на риби.
Прво се уништи северниот дел од блатото со изградбата на Спортскиот центар. Тој дел беше тампониран и се уништија големи пространства. Со тие активности се уништи еден уникатен еко-систем и неповратно се уништија одредени видови кои се среќаваат во вегетацијата на Македонија. Во тоа време неповратно се изгубија три вида.

„Прво се уништи северниот дел од блатото со изградбата на Спортскиот центар. Тој дел беше тампониран и се уништија големи пространства. Со тие активности се уништи еден уникатен еко-систем и неповратно се уништија одредени видови кои се среќаваат во вегетацијата на Македонија. Во тоа време неповратно се изгубија три вида“, вели Талески.

Деградацијата на блатото продолжува и од другата страна со натрупување на градежен шут и изградба на станбени комплекси, но негово враќање во првобитната положба е невозможно, додава Талески.

Како дел од проектот за заштита на биодиверзитетот на езерата од Дримскиот Базен започна спроведувањето на проектот за заштита и ревитализација на она што остана од Студенчишкото Блато.

„Овој проектот предвидува инфраструктурни работи во блатото, односно враќање на природната врска на блатото со езерото, изградба на инфраструктурни патеки внатре во самото блато, изградба на неколку набљудувачници и донесување на легислатива за прогласување на центарот на блатото за строго заштитено подрачје односно за споменик на природата“, рече Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро.

Идејата е блатото во иднина да биде дел од туристичката понуда на Охрид. Според добрите познавачи на приликите, во 80-те години, пребројувањето утврдило дека во блатото се присутни 50.000 животински единки, за да наредните години тој број биде преполовен на само 25.000. Неговата ревитализацијата ќе придонесе во заштита на останатите зачувани видови во него, а ќе влијае и на зголемување на рибниот фонд во Охридското Езеро. Отпочнувањето на неговата ревитализација се реализираше под слоганот „Заштити го блатото, сочувај го златото“, финансиски подржан од Германското друштво за техничка соработка.
XS
SM
MD
LG