Достапни линкови

Кинески активисти ја посетија сопругата на затворениот нобеловец


Архивска фотографија: Затворениот кинески нобеловец Лиу Ксијаобо и неговата сопруга Лиу Ксиа.

Архивска фотографија: Затворениот кинески нобеловец Лиу Ксијаобо и неговата сопруга Лиу Ксиа.

Неколкумина кинески активисти за човекови права го пробија безбедносниот кордон да ја посетат сопругата на затворениот кинески нобеловец Лиу Ксијаобо, која е во куќен притвор. Посетата на Лиу Ксиа била снимена од еден активист кој ја објави снимката на јутјуб. Денеска е роденденот на затворениот кинески нобеловец. Ова е прв пат по повеќе од две години некој да ја посети неговата сопруга. Затворениот Лиу Ксијаобо издржува 11-годишна затворска казна поради субверзија, затоа што го напишал и дистрибуирал повикот за демократија насловен Повелба ’08.
XS
SM
MD
LG